Mладинскиот Културен Центар секоја година на стартот од истата го организира настанот „Роденден на уметноста“. Оваа година разликата ќе биде во тоа што настанот ќе се одржи виртуелно на социјалните мрежи на МКЦ, со почеток во 18 часот.
„По сето сработено во изминатата 2020, по толку многу онлајн-настани, по речиси целосно ‘дигитализирање’ и на културата и на нашите животи, решивме ова издание на Роденденот да го одбележиме со еден избор од онлајн настани организирани од/во МКЦ, во текот на 2020 година. Нормално, со надеж дека 2021 ќе ни донесе нормализирање на ситуацијата и враќање на публиката во живо“, велат од МКЦ.
Програмата е составена од следните точки:
*Креативна работилница за деца со Биби и Доротеј преку zoom;
*Flipbook film presents: Змијулче, режија: Кристина Стојановски, Крсте Господиновски, Жарко Иванов;
*Настапот на Pluto’s dubts од „Клутура во време на корона“
*Makedox presents: Сите ќе умреме, режија: Сашко Потер Мицевски;
*Црнила Remix – Cross Шtream;
*Cinedays presents: Скопје 2020, режија: Радован Петровиќ;
*Фолтин – European music day
*Flipbook film presents: Карантин, рeжија: Иван Андреевски;
*ИСКРА [концертна промоција];
*Cinedays presents: Неонски срца, рeжија: Ана Јакимска;
*Светлост + Odron ritual orchestra – Cross Шtream;
*Flipbook film presents: Девојката што паѓа, рeжија: Владимир Лукаш;
*Импров група Настап – Култура во време на корона;
Деталите од настанот може да ги најдете тука.