„Кога липите цутат, тогаш Скопје е најубаво“, знаеше да каже хроничарот на Скопје Данило Коцевски, кој повеќе од 35 години пишуваше за градот на солидарноста. Преку неговите пишани зборови читавме за старо Скопје и се она што главниот град го правело се она што е денеска, модерна метропола.
Скопје е убав во секое годишно време, пролет, лето, есен или зима, секоја годишна доба си носи своја убавина и магија во овој град.
Скопје отсекогаш бил и ќе биде симбол на духот и на слободата на културата.
А она што го прави безвременско е неговата моќ и волја да ги издржи сите промени, да одолее на сите притисоци и да продолжи да живее понатаму онака како што отсекогаш живеел, како дом на генерациите кои го граделе и како дом на оние генерации кои допрва ќе го градат и обликуваат.
Видеото кое е снимано, информираат од Град СКопје снимано е минатата есен.