За прв пат општина Дојран самостојно спроведе постапка за продажба на градежно земјиште за изградба на викенд куќи.
Според информациите од локалната самоуправа на продажбата биле објавени 14 градежни парцели со вкупна површина од 8403м2.
Сите градежни парцели се успешно продадени за 18.462.851 денар.
Просечна постигната цена на градежното земјиште за изградба на викенд куќи во Дојран е 35.7евра од 1м2
Успешните понудувачи имаат рок од 15 дена да ја уплатат вкупната вредност постигната на аукцијата, во спротивно ќе им биде активирана банкарската гаранција.
Грдаоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов, вели дека обезбедените средства ќе се искористат за реализација на инфраструктурни проекти побарани од страна на граѓаните од општина Дојран по претходно спроведена анкета за утврдување на приоритетите на граѓаните.
„Честитки до тимот кој ја спроведе целокупната постапка и за првпат самостојно ја заврши истата. Сето ова ќе значи забрзан економски и туристички развој на општина Дојран, раздвижување на целокупната економија, инвестиции, инфраструктура.“,вели Ангов.