Интензивно се работи на реконструкција и ревитализацијата на филтер станицата за водоснабдување во Свети Николе. По завршувањето на работите се очекува вода за пиење да добијат жителите на повисоките делови од градот, а со поставување на цевковод, чиста вода за пиење за биде обезбедена и за жителите на селото Горобинци.
Во тек е поставувањето на нов филтер и цевките преку кои ќе стигне водата до Горубинци. Вкупната вредност на оваа инвестиција е 7,5 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Општината Свети Николе, која не запре со инвестициите и во време на здравствено – економската криза со пандемијата од ковид – 19.
Филтер станицата е изградена пред повеќе од една деценија и во неа се вложени над милион евра. По многу години се прави напор да се активира.
Паралелно со овие градежни работи, при крај е завршувањето на пешачко – велосипедската патека до архолошкиот локалитет Била Зора, која е во должина од 2,5 километри. Патеката е завршена, асватирана, обележана, се поставуваат неоходните реквизити, како клупи и опремата за местата за одмор.
Патеката се гради со средства обезбедени од Вардарски плански регион и од Платежаната агениција. Оваа патека добива на значење со автопатот Штип – Миладиновци, по кој особено во деновите од викендот поминуваат повеќе десетици велосипедисти, кои се насочуваат кон руралните светиниколски делови.
Во тек се работите на поставување на систем за грење и ладење во Домот на култура „Крсте Мисирков“. Оваа сала е единствениот општински објект од ваков тип, каде се случуваат сите позначајни настани. Со поставување на системот, во кој се инвестирани 80.000 евра, Свети Николе ќе добие сала со неопходните услови за одржување на настани.