Во април догодина, Свети Николе по по цели 30 години ќе добие нова социјална зграда за 48 лица од социјално ранливите категории, лоцирана во населбата „Лозов расадник“.
Увид во работите на зградата деновиве изврши градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски заедно со претставници на ЈП за станбен и деловен простор и изведувачот на градежните работи фирмата „Атриум“.
Од увидот е констатирано дека работите се одвиваат според планираното и дека во реалтивно краток рок од11 месеци, зградата е во фаза на карабина. Во моментов се работи внатре во зградата, а поставени се прозорци. Градоначалникот Велковски изјави дека според увидот на терен, може да се саклучи дека интензивно се работи на првата колективна зграда наменета за лица во социјален ризик во Општина Свети Николе..
– Според динамиката на градба се очекува веќе во април наредната година
48 социјални семејства од различни категории да бидат згрижени во оваа колективна зграда, кажа Велковски.
Рокот за изградба на социјалната зграда е 18 месеци. Становите се со површина од 34 до 46 квадратни метри. Инвеститор е ЈП за станбен и деловен простор.