Две села во општина Конче добија вкупно пет улици.


Станува збор за инфраструктурни проекти од големо значење за жителите и нивното секојдневие.

Асфалтирани се три улици во село Горни Липовиќ со вкупна должина од околу 600 метри и 2 улици во село Дедино со вкупна должина од околу 200 метри.

Од локалната самоуправа велат дека во план е и во натамошниот период да продолжат со инфраструктурни инвестиции, како што се  изградба и реконструкција на локални патишта, улици, канализации и водоводи.