За земјоделците да имаат навремени информации за актуелната временска состојба и климатските промени, а граѓаните да добијат прогнози за појава и интензитет на полен, мигрена и ревма, инстралирана е агро – метеролошка станица, лоцирана во кругот на ООУ „Св. Кирил и Методиј” во село Цера.
-Се работи за проект на Центарот за развој на Источниот плански регион со кој е предвидено исти станици да бидат поставени во сите 11 општини од регионот, а за што се обезбедени 2,16 милиони денари од Швајцарската агенција за развој и соработка и од Министерството за локална самоуправа, информираа од Општината.
Поставувањето на станицата е прва фаза од проекот, по што следи изработка на веб платформа, преку која земјоделците ќе добиваат информации за можната појава на болести кај растенијата под влијание на временските услови.
Уредите ќе мерат температура и влажност на воздухот, брзина и правец на ветерот, количината на врнежи, соларната радијација, влажноста на листовите на растенијата, како и температурата и влажноста на почвата.
Ова значи дека со овие агрометеоролошки земјоделците ќе се стекнат со информации за навремена заштита на земјоделските култури од атмосферските влијанија, како и планирање на сите агротехнички мерки што треба да се преземат во одреден период од годината.
Податоците од агрометеоролошката станица, преку бесплатна апликација на мобилен телефон или компјутер, ќе им бидат достапни на сите граѓани.