Општина Свети Николе упати јавен повик до граѓаните да го пријават своето учество во Партиципативното тело за обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичкото планирање за подрачјето на Општината.
Партиципативното тело ги претставува сите различни интереси и интересни групи во локалната заедница и ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ги следи состојбите во планирањето преку давање иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапката за изработување и донесување на плановите ги разгледува планските програми и планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија. Ова тело во формирање, има право да расправа за сите работи од надлежност на единицата на локалната самоуправа и може да влијае на планските решенија и политиките на просторен развој, преку презентирање на своите мислења на советот на општината.
Целта е зголемување на транспарентноста, обезбедување на инклузивност и партиципативност во донесување на одлуки во процесот на урбанистичко планирање.
Општината овој јавен повик го упатува до сите заинтересирани лица, како претставници од урбаните и месните заедници, претставници на невладините организации од различните сегменти на урбаниот живот, граѓански активисти од подрачјето на општината што ги претставуваат различните групи на граѓани, како и граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и другите стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на градот.
Пријавувањето е до 4 октомври.
Повеќе детали за јавниот повик можат да се најдат на интернет страната на Општината Свети Николе на овој линк