Во завршна фаза е целосната реконструкција на спортската сала во Македонска Каменица. По замената на системот за затоплување и замена  уредување на трибинскиот дел, а целосно е завршена заменета на надворешната столарија од објектот. Оваа сала е изградена во осумдесетите години на минатиот век и до сега воопшто не беше реновирана или санирана.

Како што истакна градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова која изврши увид во градежните работи во објектот, станува збор за инвестиции вредни приближно 5,4 милиони денари. Најголемиот дел од средствата се обезбедени од Буџетот на Општината, а дел од средствата се обезбедени преку Министерството за образование и наука.



  • Со реконструкцијата на спортската сала, општина Македонска Каменица добива објект со сосема поинаков и модерен лик, со што пред се ќе биде подобрен квалитетот на наставата во Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ и ќе бидат обезбедени високи стандарди за натпреварување и тренинг на спортските клубови од нашиот град.Со целосната реконструкција на спортската сала и изградбата на новото Повеќенаменско спортско игралиште во училишниот двор, со прва поставена спуртон подлога во државата и најсовремена ФИБА стандардизирана опрема, покажуваме дека како локална самоуправа интензивно работиме на подобрувањето на условите за развој и партиципирање на спортот кај младите во нашиот град, изјави Соња Стаменкова,  градоначалничката на Општина Македонска Каменица.

Ова се посериозни инвестиции на Општина Македонска Каменица за подобрување на условите за одржување на спортски натпревари и спортска настава.

Вложени средства за реновирање на спортска сала:

  • Паркетен под: 3.646.200,00 денари
  • Надворешна столарија: 1.400.000,00 денари
  • Трибински дел: 416.000,00 денари