Триесетина семејства во селот о Горно Липовиќ во општина Конче за прв пат ќе добијат канализација. Во моментов преку Јавното комунално претпријатие се изведуваат активности на кракот со кој и оваа село ќе се вклучи на канализациска мрежа, информира градоначалникот на општината, Благој Илиев.
,,Преку јавното комунално претпријатие се пушти крак од околу 900 метри. Тоа е дел од поголем проект за канализација во селото Горно Липовиќ, мало населено место со околу триесетина домаќинства. Гордост е што можам да кажам ,дека канализација ќе добие населено место за прв пат.Наша цел е тоа да стане реалност и во секое населено место во општината“, вели Илиев.
Интензивно се работи на подготовката на две улици во село Конче кои што наскоро ќе добијат асфалт.Средствата за овој проект се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој. Илиев информира дека при крај е и изградбата на спортската сала, а се подготвува и асфалтирањето на улиците во ,,Езерската населба “ на езерото Мантово.
„Во крајна фаза е проектот за подобрување на атрактивноста и пристапноста на сончевата езерска маса на Мантово. Поставаена е урбаната опрема а се постави и осветлувањето на локалитетот ,,Влашки колиби“, додава Илиев.
Со 2 милиони денари обезбедени од Министерството за животна средина , општината ќе гради и канализација во селото Дедино.