Во средата беа поставени два од трите планирани пункта за дезинфекција на возилата кои влегуваат во Штип. Едниот пункт е на влезот од правецот на Скопје, кај Републичката полиција, а вториот е на влезот од правецот на Радовиш и Струмица, кај училиштето „Искра“. Се работи и на третиот пункт кај влезот од правецот на Кочани, кај индустриската зона „Македонка“.
Полицијата ќе ги контролира сите пунктови и ќе изрекува казна доколку некое возило го заобиколува пунктот за дезинфекција.
Градоначалникот Благој Бочварски информираше и оти е извршена дезинфекција на улиците, плоштадите, јавно-прометните површини и во влезовите на станбените згради.