Средното општинско училиште „Никола Карев“ денеска го одбележа патрониот празник. Пред спомен бистата во училишниот двор се одржа пригодна свеченост на која покрај домаќините присуствуваа поголем број почитувачи и пријатели на училиштето. Во името на општина Струмица пред спомен бистата на Карев свежо цвеќе положи вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов.
Денешната свеченост заврши со рецитал за животот и делото на Никола Карев.Програмата по повод патрониот празник на училиштето започна синоќа во домот на АРМ со музички настап, а по кој следуваа филмот „Сонот кој чекори“, премиерата на претставата „Бомбите во салонот Бумс“ во изведба на драмското студио, настапи фолклорната група, а истата заврши со модната ревија „Уметноста на платно“.