Една од најактивните невладини организации во градот „Надеж Норе“ во соработка со издавачката куќа Антолог – Скопје од 12 до 14 февруари, во Домот на култура го организира првиот мини саем на книга во Македонска Каменица.
Посетителите имаат можност да го посетат Саемот на книга во периодот од 13.00 до 19.00 часот.
Во рамки на Саемот ќе бидат изложени над 50 дела од повеќе литературни видови, бестселери и дела од познати светски писатели.
„Надеж Норе“ го спроведува Саемот на книга во рамките на проектот „Да читаме заедно“ чија основна цел е зголемување на културата за читање кај населението.
Настанот е поддржан од општина Македонска Каменица преку Програмата за работа на КИЦ „Романса“ Македонска Каменица.