Иако снегот годинава го има малку, особено во градот, планинските села на територијата на општината Радовиш деновиве добија нова снежна покривка. Општина Радовиш врши навремено и редовно одржување и чистење на улиците и патиштата низ општината. Вклучена е и механизацијата за чистење на снег.
Се изврши благовремено чистење на снегот во населените места Бучим, Аликоч, Коџалија, Тополница, Дамјан, Калаузлија и во градското подрачје.