За еден месец треба да профункционира првата детска градинка во општина Конче Деновиве ова установа ќе распише повик за запишување на деца од предучилишна возраст од една до шест години. За изградба на градинката во Конче потрошени се околу 80 илјади евра а своја донација имаше и Бучим. Во градинката ќе бидат сместени околу 50 тина деца од предучилишна возраст. Градоначалникот на Конче Благој Илиев најави отворање и на Центри за ран детски развој во повеќе населени места.
,,Ова го очекуваа граѓаните на Општина Конче можеби триесетина години наназад. Установата има капацитет од 50 деца и нека повелат родителите да ги видат условите каде ќе бидат згрижени нивните деца. Во соработка со Министерството за труд и социјална политика во иднина ќе отвориме Центри за ран детски развој во Дедино, Рактиец и Долни Липовиќ,, рече градоначалникот Илиев
Градинката ќе го носи името ,,12 Јули’’.