Село Радање, општина Карбинци доби мал плоштад. Увид денеска направија претставници од Бирото за регионален развој, кое ги обезбеди и средствата за неговата изградба, заедно со сите пропратни содржини.
„Вкупна вредност на проектот: 3.346.933,00 денари, од кои: 2.677.546,00 денари или 80% од Бирото за регионален развој – орган во состав на Министерството за локална самоуправа и 20% или 669.387,00 денари ко-финасирање од буџетот на Општина Карбинци.“, информира градоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев.
Оваа нова содржина е на локација утврдена по укажување на жителите на оваа населено место и според насевќе биде од големо значење за секојдневието на Раданчани.