Со богата програма и низа активности, Свети Николе го одбележа својот патрон Св. Николај Чудотворец.
– „Во духот на денешниов празник од вчера започнавме со негово одбележување. Беше промовирана монографијата „50 години Дом на култура Крсте. П. Мисирков, имавме вечерна литургија во храмот Св. Николај во Свети Николе, каде беа изложени моштите на светецот.“ “ изјави Сашо Велковски, градоначалник на Општина Свети Николе
На присутните се обрати Митрополитот Брегалнички г. Иларион.
– Св. Никола нека е на помош на сите луѓе во светот, а посебно на оние кои го чествуваат неговото име.
Постхумно на новинарот Драги Миланов му беше доделена спомен плакета за афирмација на целокупниот општествен живот во Свети Николе.
– „Оваа година е годината кога мојот труд се вреднува, ја добив наградата за „Најуспеѓна жена во XXI век“ за Југоисточна Европа во Белград, но посебна чест и задоволство ми е што ваква чест ми укажаа моите сограѓани и Општина Свети Николе “ рече – Коцева Ерина, најуспешна жена на XXI век.
И годинешнава свечена седница на Општината беше проследена со музички дел. Гостуваа учениците од класата на Проф. М-р Филип Стевановски – ДМУ „Сергеј Михајлов“ – Штип.
Голем број жители на градот го носат името на својот патрон или имаат куќна слава.
Конкретно во Североисточниот регион на нашата земја каде и географски е сместен Свети Николе, според Државниот завод за статистика регистрирани се 1.137 лица кои го носат името Никола, а на ниво на држава оваа бројка е 15.701.