Со одлука за Советот за развој на Југоисточниот плански регион донесена на неговата 14. седница што се одржа деновиве, Општина Радовиш ќе добие осум милиони денари за изградба на локален пат од селото Дамјан до селото Погулево. Патот е долг околу два километра.
Исто така, за расчистување на дивите депонии во општината биле одобрени 1.850.000 денари.