Деведесетина хуманитарни пакети, ќе ја збогатат празничната велигденска трпеза и во домовите на социјалните семејства. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во три урбани заедници, ги подели пакетите кои се собираа изминатиот викенд, а беа донација од хуманите сограѓани, градинките и основните училишта како и од вработените во локалната самоуправа. Првиот човек на Општината посака бројот на социјално загрозени семејства од година во година да се намалува.
„Граѓаните на Општина Карпош, утрото кое пазарат во супермаркетите во нашата Општина, пожелно е барем по еден прозивод да обезбедат за семејствата кои се наоѓаат во социјален ризик. Овој пат, за Велигденската хуманитарна акција собрани се околу 90-на пакети. Локалната самоуправа на сите граѓани кои имаат потреба од помош за купување лекови, плаќање сметки, односно оние кои се социјално загрозени им помага со финансиски средства и преку целата година“, рече Јакимовски.
Традиционалната хуманитарна акција „Да бидеме хумани за нашите соседи“ , која е во организација на Одделението за детска, здравствена и социјална заштита при Општината, изминатиот викенд се спроведе по 21-ви пат, а се одржува три пати во годината и тоа за Денови на Општината, за Новогодишните и Божиќните празници како и за Велигденските празници.
Ерменецот Тер Сахакјан Самвел стана лауреат на овогодинешниот шаховски шампион на реномираното шаховско натпреварување “Опен Карпош 2017”. Седма година по ред, шаховскиот клуб Гамбит Асеко СЕЕ во коорганизација со Општина Карпош, ги носи најврвните светски шахисти во Република Македонија.
Вкупно 31 земја од целиот свет се претстави со свои шаховски репрезентативци на респектабилниот шаховски турнир, кој според сите светски шаховски параметри, се вбројува во десетте најдобри шаховски натпреварувања на стариот континент. Ерменскиот претставник доби награда од 1600 евра, додека второпласираниот Бугарин Георгиев Кирил доби награда од 1200 евра.
Демченко Антон од Русија е трет на овој турнир и освои награда во вредност од 1050 евра. Овој турнир се одигра во девет кола, по правилата на Швајцарскиот систем на натпреварување. Шахистите имаа по 90 минути на располагање за повлекување на 40 потези, и 30 минути до крајот на партијата со 30 секунди по потег, броејќи од првиот пат.
Врвните шаховски велемајстори, позитивните критики од шаховските федерации, како и квалитетот на натпреварувањето од година на година, го прави овој карпошовски шаховски турнир еден од европските спортки бисери на “најумствената” спортска игра.