По повод 3 -ти декември, Меѓународниот ден на лица со посебни потреби, денес во просториите на Дневниот центар во Македонска Каменица се одржа пригодна културно уметничка програма. Во програмата учестуваа штитениците од Дневниот центар за лица со посебни потреби во соработка со ученици од ООУ ,,Кирил и Методиј” и ученици од СОУ ,,Миле Јаневски – Џингар”
Општина Македонска Каменица секоја година го одбележува овој Меѓународен ден на лица со посебни потреби со пригодна културно-уметничка програма, модни ревии, огранизирани тематски работилници. Лицата со посебни потреби секоја година, покрај силната финансиска поддршка која ја добиваат преку доделените средства на хуманитарните здруженија на граѓани, по повод одбележувањето на овој меѓународен ден добија и скромни подароци од општина Македонска Каменица, кои им ги врачи градоначалничката Соња Стаменкова.
Оваа година на иницијатива на Пингопонгарскиот клуб „Саса“ и СОУ „Миле Јаневски Џингар“ штитениците добија маса и реквизити за пинг понг. Штитениците добија скромни подароци од повеќето институции во градот, како и подароци од спортските клубови во Македонска Каменица.