Селски и маалски патишта во селата Цера, Луковица, Тодоровци, Саса, Дулица и Моштица, вкупно 12 на број добиваат асфалт, како дел од програмите за развој на општината за 2019 година.
Изминатата недела започна асфалтирањето на првите 1000 метри од предвидените 2730 метри локални патишта во селата Луковица и Тодоровци. Покрај пристапните патишта до домовите на луѓето, во село Луковица се гради и пристапен пат до селските гробишта, како барање кое произлезе како приоритет од жителите од ова село.
За овој проект општина Македонска Каменица од својот буџет ќе издвои 12.800.000,00 денари.Општина Македонска Каменица според планот и програмите за развој на општината за 2019 година, започна со изградба и реконструкција на локални и пристапни маалски патишта за селата во општината.
Со ова општина Македонска Каменица продолжува со гражените активности поврзани со подобрувањето на условите за живот во селските средини и придонесува за значително олеснување на пристапот до домовите на жителите од овие средини.
Повеќе за активностите од Соња Стаменкова, градоначалник на Општина Македонска Каменица: