Мерката седум од ИПАРД програмата „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ предизвика внимание кај земјоделците кои присуствуваа на инфо денот што се одржа во општина Карбинци. Но колку и да е поволна оваа мерка за повеќето земјоделци е неостварлива, сметаат тие.
Проблемот велат од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и рурален развој е што во општина Карбинци има легализирано само една фарма сите останати немаат право за аплицирање.
Интерес имаше и од страна на ветеринарна станица за обезбедување средства за купување возило, меѓутоа за да се обезбедат тие средства мора седиштето на станицата да е во општина Карбинци а не да биде подружница. Најголем интерес и најголема можност за добивање на средства од оваа програма имаше кај пчеларите. Овие средства стрикно би биле наменети за обезбедување на сандаци, и сите други потребни средства за крајниот производ, мед.
Претставници од Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информираа заинтересираните за сите детали поврзани со ИПАРД 2014-2020, освен за мерка 7 и за мерка 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“.
Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува точно 16.569.471,00 евра или во денарска противвредност 1.018.926.365,00 денари.
Заинтересираноста за овие програми се големи велат организаторите,барем според присуството на инфо-деновите кои што се организираат, меѓутоа тој интерес опаѓа по информациите за целокупната документација што е потребна како и условите кои што треба да се исполнат.