Градоначалникот на општина Конче,Благој Илиев беше во работна посета на Република Турција.Посетата е реализирана на покана на „Сојузот на Турски општини“. Илиев заедно со уште неколку Градоначалници имаше работни средби со градоначалниците на Општините Османгази – Бурса, Коџаели, Алтинова – Измит, Бајрампаша – Истанбул како и со неколку пратеници од Големото Собрание на Р. Турција.
На овие средби беа разменети , искуства,мислења но и планови како да се продлабочи меѓусебната соработка.
,,Во рамките на ова тематско патување го посетивме Социјалниот центар за детски услуги со посебни потреби во општините Зејтинбурну и Бајрампаша, како и центарот за класификација на отпад во Општина Пендик – Истанбул.
Во рамките на ова патување исто така посетивме неколку центри во Истанбул од каде се врши современа организација за обезбедување на квалитетни услуги за своите граѓани“, образложи градоначалникот Благој Илиев.
За стекнатото искуство од ова патување од локалната самоуправа и градоначалникот посебна благодарност упатувааат до Генералниот Секретар на Сојузот на Турски Општини, Фахри Солак.