Фудбалскиот клуб ,,Серта Скопје“ е победник на овогодишниот традиционален турнир во мал фудбал што по 22 пат се одржа во општина Конче.
Второто место го освои Ф.К ,,Клими.мк“ а на третото место се пласира Ф.К ,,Јанев плас“.Вкупниот награден фонд за победниците беше 250.000 денари.
Градоначалникот на општина Конче , Благој Илиев на ФБ профилот упати благодарност до сите учесници, гледачи и организатори на ноќниот турнир во мал фудбал –Конче 2019.
,, Турнирот ова година поради градежни работи, поточно поставување на нова ограда и ново осветлување се одржа со мало задоцнување, но за ваков престижен турнир кој веќе се одржува 22 години и е меѓу првите турнири во југоистокот не можевме да дозволиме да се одржува во импровизирани услови како што беше до сега.“,вели градоначалникот Илиев.
Тој додава дека Следните години турниот ќе продолжи да се одржува повторно за традиционалниот ден на општината, 12-ти Јули -Петровден.