Изминатата недела, раководителот на Секторот за шумарство и ловство, Саша Јовановиќ оствари работна средба со ловците и граѓаните на општина Македонска Каменица, на која се разговараше за начините за решавање на проблемите за заловување на територијата на оваа општина. Раководителот Јовановиќ најави дека веќе на наредната седница на македонската Влада, со одлука, ќе биде одредено Ловиште – Македонска Каменица времено да биде предадено во владение на ЈП „Национални шуми“. На тој начин ќе биде олеснета постапката кај ловците за вадење на дозвола за вршењена лов.
Дополнително, како зачната тема на работната средба на која присуствуваа и претставници од локалната самоуправа на чело со директорот на ЈП Камена Река беше се наметна и пошумувањето на територијата на општина Македонска Каменица со видови на дрвја кои се погодни за ова поднебје. Исто така, од претставници на Здружението на пчеларите беше побарано разгледување на можноста за засадување на медоносни дрвја, со што дополнително би се збогатила територијата на испраша на пчели.