Трет пат оваа година, организирано, граѓаните на Македонска Каменица, заедно со претставници на локалната самоуправа, Јавното претпријатие, грагански здруженија и организации, членови на спортски клубови и пензионери учествуваа во екоакција, што беше организирана изминатиот викенд.
Акцијата насловена „За почиста Македонска Каменица“ беше фокусирана на чистењето на јавните површини во Општината. Градоначалникот Соња Стаменкова изрази благодарност до сите граѓани кои земаа учество во оваа акција.
– Покрај чистењето на јавните површини на територијата на општина Македонска Каменица, со спроведувањето на „За почиста Македонска Каменица“ ги исполнивме целите на акцијата за будење на заедничката грижа за чиста животна средина и поттикнувањето на свеста и општествената одговорност кај граѓаните. Во следниот период, ќе следуваат и други екоакции на повеќе локации во Општината, но, од граганите барам совесно да ја почитуваат и чуваат чиста животната средина“, изјави, Соња Стаменкова, градоначалник на Македонска Каменица.
Влатко Андоновски, директор на Јавното претпријатие „Камена Река“ задолжено за јавната и комунална чистота во Македонска Каменица соопшти дека покрај учеството на вработените во акцијата, активно се вклучени и со ресурсна поддршка од крупна механизација, потребна за депонирање на собраниот смет и ѓубре.
-Токму ваквиот однос кон исчистената животна средина и заедницата е потребно да се оддржува. Апелирам до сограганите да ја оддржуваат чиста урбаната градска средина и сега исчистената површина околу магистралниот пат на влезовите во Македонска Каменица, рече Андоновски.
Во текот на еколошката акција, беше исчистен просторот околу влезовите во градот и градската депонија во Македонска Каменица. Ова е трета по ред екоакција во која каменичани годинава учестуваат за чистење на јавните површини во градот. Најавени се уште уште неколку, кои ќе бидат спроведени на други локации, а ќе биде опфатено и чистење на постоечки и нотирани диви депонии во селските средини.