Во последните четири месеци во општината Радовиш се рализирани пет значајни проекти за подобрување на патната и на комуналната инфраструктура. Се работи за изградба и реконструкција на локални патишта, улици, тротоари и на атмосферска канализација, со што се решаваат низа инфраструктурни проблеми и се подобрува квалитетот на животот во општината.
Обновени се улицата Илија Алексов, во рамките на рехабилитацијата на патниот правец Радовиш – Подареш, како и патот од центарот на селото Злеово кон клучката на магистралниот пат Радовиш – Струмица.
Во селото Калуѓерица е изградена улицата бр. 7 во должина од 1.222 метри и ширина од пет метри. Во селото Ињево изградена е улицата бр. 10 со должина од 546 метри со тротоар и атмосферска канзализација во должина од 580 метри.
Во градот се поставени 2.485 квадратни метри бекатон плочки, направен е нов паркинг, обновени и изградени се повеќе тротоари и приоди. Исто така, санирани се ударните дупки на повеќе локации во градот.