По 13. пат во Виница се организира летен камп за промоција на хуманите вредоности на кој учествуваат околу 60 волонтери од повеќе општини од земјата – Виница, Куманово, Битола, Велес, Охрид.
Ќе има сесии, работилници, предавања што ќе се реализираат овие три дена, како и другарување и забава.
На почетокот на кампот, учесниците ги поздравија градоначалникот на Виница, Ивица Димитров, и секретарот на Општинската организација на Црвениот крст на Виница, Кирил Цоневски.
Кампот и годинава се одржува во училиштниот двор во виничкото село Лаки.