Иселеници во Германија со потекло од село Конче донираа автомобил на општината.
Куртов Ајрула и неговата сопруга Габриела Куртов-Гудер кои живеат и работат во Германија донираа автомобил ,,Пежо Партнер“.
Автомобилот ,како што информираат од општината ќе биде доделен на ,,Народна кујна“ со која раководи ЈКПД ,Лакавица“.
,,Народна кујна“ дневно доставува топол оброк на околу 70 социјално загрозени, изнемоштени и стари лица во село Конче и околните села. До сега превозот на оброците се одвиваше со старо и дотраено возило кое што беше тешко за одржување и користење, велат од локалната самоуправа.