Резултатите на Институтот за јавно здравје од Велес од земените брисеви од градинката „Рахилка Гонева“ се негативни и не е пронајден предизвикувачот на болеста Коксаки. Од опозициската ВМРО ДПМНЕ во јавноста излегоа со тврдење дека повеќе деца се заразиле додека биле згрижени во градинката. Институтот, на барање на Општината Свети Николе излезе на терен и зеде брисеви од површините, инвентарот и играчките, но резултатите покажаа дека градинката не е изворот на заразата.
-По информациите од матичните лекари, кои пријавија свои пацинети – деца заболени од Коксаки вирусот, Општината исто така го извести Државниот санитарен инспекторат, како и надлежните од Министерството за труд и социјална политика и Центарот за јавно здравје од Велес, соопштија од Општина Свети Николе.
Со цел подобра едукација на родителите, одржана е и трибина за начинот на настанување и лечење на овој вид на вирус, на која беше поканет и спец. педијататар д-р Стево Арсовски.