Ровокопачите се доделени на 10 општини, кои во група со уште по две општини, зеднички ќе можат истите да ги користат. Вкупно 30 општини ќе бидат корисници на овој проект.
Општина Карбинци заедно со општините Радовиш и Конче добија еден од ровокопачите.
Станува збор за повеќе наменска машина ,која што со помош на придружните делови, ќе се користи како за градежни работи така и за одржување на патиштата во зимски услови и други временски непогоди,вели градоначалникот на Карбинци Јордан Насев
,,Станува збор за повеќенаменска градежна машина,ровокопач-утоварач со дополнителни пропратни делови кои што се наменети за зимско оддржување ,како и хидрауличен чекан за оддржување и чистење на улици во случај на друг вид на невреме.Со оваа машина ќе се подобрат услугите за граѓаните во сите три општини, особено за општина карбинци како рурална општина, каде што има населени места над 1000 метри надморска височина,па машината најмногу ќе биде вклучена во расчистувањето на улиците и патишта во зимски услови.,, изјави Насев.
На барање на Владата, Европската Унија обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура. Вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата изнесува 20, 667 милиони евра.