Секој 8 ми Март традиционално го посетуваме гинеколошкото одделение и пациентките и родилките кои се тука. Мајчинството е една голема жртва на жената и на овој начин сакаме да го искажеме респектот кон овие жени, а воедно и на сите жени кои даваат придонес да живееме во едно толерантно општество.

Градоначалничката, Арифи ја искористи оваа можност на сите мајки, жени и дами да им го честита празникот со порака за заедничка работа на унапредување на еднаквоста на жената затоа што така ќе имаме едно поправедно општество.