Седумстотините жители на виничкото село Трсино од средата пијат квалитетна и здрава вода. Новата филтер-станица во ова село, која е со капацитет од десет литри вода во секунда, комплетно ги задоволува потребите на жителите, кои со години имаа проблеми со нечистата и бактериолошки неисправна вода за пиење.
– Филтер-станицата е направена да работи самостојно, а хлорирањето ќе биде автоматски – објаснуваат од виничкото јавно комунално претпријатие „Солидарност“.
Опремата е набавена од Израел, а вкупната инвестициска вредност на проектот е нешто повеќе од седум милиони денари. Од нив 25 отсто се учество на Општината, а другите средства се од Светска банка.