Општина Тетово реализира уште еден проект кој во голема мерка ќе олесни на соседното место до градот, а тоа е селото Порој каде неделава беше поставено јавно осветлување. Беа поставени вкупно 25 столбови на главната улица во селото Порој.
На овој начин општината покажува дека не се грижи само за граѓаните на Тетово туку и жителите на околните села се под нејзина грижа и заштита. Инаку ова е голема инвестиција со која ќе се обезбеди побезбедно движење на жителите наа Порој и во ноќните часови.