Секое семејство во општина Конче ќе добие канта за отпадоци.Одпадот пак ќе се собира со нов трактор со приколка.
И кантите и тракторот се обезбедени преку проектот ,,Унапредување на општинското владеење’ финансиран од Е.У имплементиран од УНДП. Свое учество со 473.550 денари има и општината.
Во рамките на проектот се обезбедени вкупно 800 канти за отпадоци и како што велат од Локалната самоуправа тие ќе бидат поделени на секое домаќинство во општина Конче. Ќе се врши и организирано собирање на отпадот.