Учениците со посебни образовни потреби кои престојуваат во Интернатот во Блатец, со кој стопанисува училиштето во селото, наскоро ќе имаат многу подобри услови за работа и престој.
Во тек е реконструкција на Интернатот, која, според градоначалникот на Виница, Ивица Димитров, ќе се одвива во две фази. Сега е во тек замена на дрвената столарија, а потоа Интернатот ќе добие и нова фасада. За првата е обезбеден грант од УНДП во висона од 33.000 евра, а дополнителни средства за комплетирање на ентериерот ќе бидат обезбедени од бизнис-секторот и од буџетот на Општината.
Од 1951 година, кога е изграден Интернатот, досега била извршена само промена на покривната конструкција на објектот, па ова е прва посеопфатна реконструкција. Во истата зграда работи и детската градинка во Блатец во која во моментот има 15 деца, а и во нејзините простории беше извршена реконструкција на дрванета столарија.