Општина Конче ќе добие грант од 180.000 евра од ИПА Програмата за прекугранична соработка на Република Македонија со Република Бугарија.
Средствата кои што ги доби општина Конче ќе се користат за регулација и уредување на „Дединска река“. Овој проект на општина Конче беше меѓу најдобро оценетите проекти во целата програма и општината беше рангирана на прво место со 95 бодови.
Партер на општина Конче во прекуграничната соработка ќе биде Струмјани од Република Бугарија.