Во големата сала на домот на АРМ, се одржа традиционалниот избор на најдобрите во спортот за 2106 година. Покровител на оваа спортска манифестација беше општина Струмица, а истата се одржа во организција на Оптинскиот сојуз на училишен спорт.
На манифестацијата присуствуваа и наградите ги врачија заменик градоначалнкот Костадин Костадинов, претседателот на Советот Јосиф Христов и членови на истиот. За најдобар спортист беше прогласен атлетичарот Ристе Пандев, за најдобра спортска екипа во сениорска конкуренција беше прогласен сениорскиот тим на фудбалскиот клуб „Академија Пандев“, а за најдобар тренер во оваа категорија беше прогласен Панче Стојанов. Академија Пандев ја освои и наградата за најдобра млада спортска екипа, а тренерот Југослав Тренчовски за најдобар тренер во младинските категории.
На изборот беа врачени и плакети на спортските клубови кои во 2016 година славеа годишни јубилеи, а признанија добија и клубови и екипи кои во минатата година се истакнаа со учество на меѓународни натпревари и развој на младинскиот спорт.
Заменик градончалникот, Костадин Костадинов потенцираше дека општина Струмица од секогаш давала максимална поддршка на спортот.