Во соопштение Општината Свети Николе ги појаснува информациите, кои се појавија откако беше објавен извештајот на Државниот завод за ревизија. Во овој извештај се нотираат повеќе неправилности и кршење на закон од страна на претходната локална власт, раководена од тогашниот градоначалник Зоран Тасев.
Општината појаснува за една од констатациите на државната ревизија, врзани за продажбата на три парцели земјиште.
– Имено, се работи за три барања поднесени во 2016 година за дооформување на градежно земјиште работени по стариот закон и истите се поднесени во хартиена форма. Постапката е прекината поради Парламентарните избори 2016 година и изборот на новата Влада на РМ во јуни 2017 година.
За едно од барањата, претходниот градоначалник Зоран Тасев склучел договор пред Локалните избори 2017 година , додека договорите за другите две по локалните избори.
По консатацијата од Државниот завод за ревизија , Општина Свети Николе пристапи кон поништување на решенијата за оттужување на градежното земјиште, со кое се поништуваат и правните последици кои произлегуваат од истите. Споменатите Договори за оттуѓување не се солемизирани кај нотар и истите не произведуваат правни дејствија. Тоа значи дека се ништовни и не е извршен упис а правото на сопственост на физичките лица во јавните книги на Агенцијата за катастер на недвижности.
За јавноста да биде целосно информирана, споменатите три предмети се враќаат на повторна постапка во електронска форма, а за еден од предметите веќе имаме добиено позитивно мислење од страна на државниот правобранител, додека другите два се во процедура.