Трајковски кој речиси целиот свој работен век го минува во Свети Николе, за себе ќе рече дека е штипјанец кој не ги заборава своите штипјани
Педесет години работа со мандолински орекстри викендов одбележа Кирил Трајковски музички педагог од Свети Николе. Со богата речиси дво часовна програма на која покрај мандолинскиот оркестар Свети Никола со кој тој раководи а, во кој члеуваат повозрасни членови од различлни професори, од доктори,судии, административни раотници и наставници, како гости настапија и оркестарот од Пазарџик Бугарија како и Васил Атанасов на обоа , Александар Гошев на хорна и оперскиот пејач пејач Ненад Јованов. Беа изведени повеќе дела на кои како автор се потпишува самиот Трајковски, како и познати светски мелодии со аранжман од Трајковски како што се Лав стори, Кум, Санта Лучиа.Трајковски за себе вели дека за него 50 годишниот јубилеј вели дека значи многу.
„Педесет години не се секојдневни работи. Треба многу време да помине за да се некои работи се случат за тие 50 години.50 години е голем труд, голем напор, големо трпение и голема помош од разни структури, а најповеќе од семејството.Се напишани многу дела, многу арнжамни. Гостувано е и на многу фестивали и на разни други манифестации приредби, новогодишни концерти и сето тоа дава еден резултат за да се прослават овие 50 години од творештвото“, вели Трајковски.
Иако речиси целиот свој професионален век го поминал во Свети Николе, Трајковски постајано ќе рече дека е штипјанец, бидејки детството и младоста ги поминал токму во Штип. Во дел од програмата на јубилејот беа изведени и две композиции напишани од него, едната посветена на Штип, а втората на Свети Николе.
„Мои две многу омилени песни беа изведени со пејачи и со публиката.Тоа е песната Исарчани напишана по повод празникот 40 маченици и песната Балада за мојот крај напишана за Овчеполието и Свети Николе.Текстовите ги правеа аматери но со многу чувство и умешност.Првиот текст Исарчани беше од еден мој комшија, а вториот од мојата внука Тамара.Мене ми е Штип градот под Исарот, граот мој.Не случајно ќе речев За тебе ли Штипе странец ли сум веќе.Сети се граде и јас бев твое дете“, вели Трајковски.
Иако веќе неколку години е во пензија, тој и понатаму неуморно работи и вели дека ќе продолжи да работи и создава музички дела.Диригент беше и на повеќе други музички ансамбли, од црковен хор, тамбурашки оркестар и други, а неговите ансамбли низ годините се добитници на бројни награди дома и во странство. Автор е на циклусот композиции Под Источно небо – за мандолински оркестар, бројни аранжмани на филмска музика за манолински оркестри.Неговата музичка дејност почнува во пионерскиот дом во Штип, од каде потоа се сели во Свети Николе.
„Некоја божја сила и воља ме доведе во Свети Николе.Не се жалам што сум овде.Тука ми беше и најголемиот успех во мојата кариера.Штип ми е близу на 20 килметри.Така да често одам и се гледам со моите во Штип. Останувам верен навивач на Брегалница.Сум бил навивач за Брегалница од секогаш и за секогаш“, вели Трајковски.
Вели дека врвот на овој ансамбал би сакал да биде настап на Охридско лето.