Туристичко – информативен центар ќе се отвора на територијата на општина Старо Нагоричане во рамките на проектот „Изградба на мост на туризам – спој на заедничко наследство”.
Проектот го имплементира општина Старо Нагоричане во партнерство со општина Рила, Република Бугарија, во рамките на Првиот повик од Програмата за прекугранична соработка помеѓу нашата држава и РБ – INTERREG. Туристичкиот центар ќе биде лоциран на местото на поранешниот Задружен дом во селото Младо Нагоричане , кој што наредниот период ќе биде реконструиран и претворен во информативен објект за туристите.
Проектот предвидува основна целна група да бидат менаџерите и персоналот ангажиран во секторот туризам и невладините организации од двете општини , локалните власти и туристите од двете страни на границата.
Преку отворање на туристичкиот центар ќе се придонесе за поголема промоција на туристичката понуда на Старо Нагоричане.