Почеток на градба на нова детска градинка вредна 800.000 евра, водоснабдување за 600 жители на населбата „Балканска“, доизградба на нова платформа а паркирање, со која се придонесува во убалжувањето на сообраќајниот хаос, изградба и реконструкција на улици и тротоари. Ова се дел од проектите што ги наброја штипските градоначалник Благој Бочварски, во отчетот за една година од неговата работа. При тоа, Бочварски понуди и нов проект за реконструкција на градскиот стадион со хотелски комплекс и две требини со капацитет за 5900 гледачи постандардите на ФИФА, каде би можела да игра и репрезентацијата.
Стадионот каде игра фудбалскиот клуб „Брегалница“, не беше во позначајните проекти од неговата програма, но на отчетот, градоначалникот рече дека капацитетот е во многу лоша состојба, а Штип заслужува да има стадион со кој ќе се гордее.
-Се работи на проектот, кој е 800.000 денари, инаку, знаете, претходниот градоначалник направи проект, кој не можеше да помине никаде, ни во општината. Не можело да се издаде дозвола на тој проект, рече Бочварски.
Пред присутните беше понудена анимација за тоа како ќе изгледа новиот стадион, во кој општината и ФФМ во 2016 година, веќе вложија половина милион евра. Сепак, градончалникот не појасни од каде пари за новата реконструкција.
Штип мора да биде третиот македонски град што ќе се гасифицира, кажа Бочварски. Се работи на техничата документација, која ќе биде готова напролет, со што може да се почне со изградба на 20 километри секундарна гасификациона мрежа.
Во однос на јавните претпријатија, Бочварски истакна дека по преземањето, направиле обид да ги редуцираат трошоците. Само со заштедите кои се направени на горивото во комуналното претпријатие „Исар”, купени се две нови возила. На почетокот на годината цената на водата за пиење е намалена за пет отсто, на почетокот на 2019 година ќе има уште едно намалување на цената за пет отсто.
Истакна дека изградени се нови бунари во локалитетот од каде Штип пие вода за пиење. Почнат е и да се реализира и водоводната мрежа кон населбите Балканска и Чардаклија, со што овие две приградски населби ќе добиваат чиста вода за пиење од Филтер станицата. Во делот на изградбата на улиците, како што посочи Бочварски изградени се повеќе улици низ населбите, а исто така реконструирани се и тротоари во должина од четири километри.