За 15,6% е намален криминалитетот во текот на изминатата година на подрачјето на Општина Куманово, според извештајот, кој командирот на Полициската станица од Општа надлежност, Игор Митевски го презентираше пред Советот на општината.

Благо покачување се бележи кај регистрирани сообрачајни несреќи и тоа од 0,7% споредбено со 2015 година.

„Што се однесува до јавниот ред и мир бележиме зголемување од 4,8% на ниво на 2016 година. Од областа на криминалитетот имаме регистрирани вкупно 1.246 кривични дела во 2016, додека во 2015 година имаме 1,477 кривични дела што значи намалувањ еод 15,6%. Вкупниот број на реализирани отркиени кривични дела е 812 или 65,2% што останува на исто ниво како во 2015 година. Поднесени се вкупно 731 кривична пријава против 1.034 сторители од кои 30 сторители биле малолетници“, рече Митевски.

Според извештајот на полицијата, во текот на измиантата година најзастапени биле делата од областа на класичниот криминалитет каде се регистрирани 1.070 дела, а поднеснеи 609 кривични пријави против 805 сторители.