Започнување на средби со граѓаните „Замисли иднина заедно“
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, денеска ќе присуствува на започнување на средби со граѓаните „Замисли иднина заедно“, во организација на Делегацијата на Европската Унија во Македоинја, во просториите на Македонска опера и балет, со почеток во 09:30 часот.

Денеска ќе се одржи дискусија за поддршката што ја овозможува Европската Унија, евроамбасадорот Самуел Жбогар ќе зборува за ЕУ во Општините, а обраќања ќе имаат и премиерот Зоран Заев и генералниот директор за соседски политики и преговори за проширување во Европската Комисија, Кристијан Даниелсон.

Откривање спомен плоча во чест на првата опера во Штип
Вечерва со почеток во 20:30 часот во Дом на млади ќе биде откриена спомен плоча во чест на првата опера во Штип и Македонија. Ќе настапуваат учениците Марија Ѓорѓиевска, Сања Димова, Сара Јанева од класата на проф. Катерина Станчева Јованова и м-р проф. Виолета Арсовска. Пијано придружба м-р проф. Трајче Роглев. Програма: Бах, Прокопиев, Ардити, Пучини, Бизе, Моцарт.

 

Одбележување на празникот Успение на Пресвета Богородица
Вчера градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, присуствуваше на одбележувањето на празникот Успение на Пресвета Богородица во Берово.

 

 

Дневни активности на јавни претпријатија
ЈП „Стипион“ денеска ќе ги изведува следните активности:

  • Бетонирање крак на улица „Никола Коперник“ во населба Баби, заради олеснување на пристап до пат на инвалидизиран сограѓанин
  • Бетонирање крак на „Радански Пат“
  • Обележување хоризонтална патна сигнализација во градот
  • Замена на улични светилки во градот

ЈП „Исар“ денеска ќе ги извршува следните активности:

  • РЕ Водовод и канализација:
  • Санирање дефект на водоводна линија на улиците „Борис Кидриќ“, „Сутјеска“, „Железничка“
  • Изведба на нова канализациона линија во населбите Суитлак и Стар Караорман
  • Санирање површини – нивелирање шахти на улица „Генерал Михајло Апостолски“
  • Канализација – разни локации во градот
  • РЕ Паркови и зеленило
  • Сечење и кастрење гранки покрај дрворед на река Отиња
  • Косење паркова површина во К`ртеке
  • Косење трева на кружен тек во населба Железничка, на Булевар „Гоце Делчев“
  • Косење паркови површини во парк во населбите Баби и Дузлак
  • Косење трева на спортско игралиште Суитлак
  • Тековно одржување паркови површини
  • Собирање на шут на повеќе локации