Во овој Неделен Бриф правиме резиме на активности и настани од македонските општини, кои се случија изминатава седмица, а ги најавуваме оние кои следат.
Во Куманово стартуваше 14-тото издание на „Меѓународниот тамбурашки фестивал 2018“.
Штип се фокусира на асфалтирање улици во населбата Баби, но се сеќава и на првиот кошаркарски натпревар во Македонија.
Карбинци ги расчистува патиштата оштетени од последните неповолни временски услови.
Македонска Каменица ќе пулсира во празничен ритам, во знакот на „Каменичко културно лето“.