Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина
Денеска ќе се одржи тринаесеттата седница на Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина во сала 2 со почеток во 10:00 часот.

Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој
Денеска ќе се одржи тринаесеттата седница на Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој во сала 2 со почеток во 10:45 часот.

Рехабилитација и санација на улицата „Крушевска Република“

Вчера градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, изврши увид во градежните активности на една од улиците опфатени со рехабилитација и санација, а тоа е улицата „Крушевска Република“ која се наоѓа во населбата Баби.

„Пред неколку дена објавивме дека Општина Штип започнува голема градежна офанзива со големи инвестиции во висина од 2.6 милиони евра. Денеска продолжуваме со промовирањето на сите градежни зафати коишто ги започнавме и ќе ги спроведуваме во наредниот период. Инфраструктурата е многу важна за граѓаните на Општина Штип и важно ни е тоа да биде квалитетна инфраструктура до секој дом на нашите граѓани. Токму затоа продолжуваме да работиме во оваа насока. На улицата „Крушевска Република“ ќе асфалтираме површина од 1300 метри квадратни, а рехабилитацијата и санацијата на оваа улица Општина Штип ќе ја чини некаде околу 450.000 денари,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Освен улицата „Крушевска Република, со рехабилитација и санација ќе бидат опфатени и други постоечки улици во градот кои се во дотраена состојба, а меѓу нив се и улиците „Петта Партиска Конференција“, „Ѓорги Петров“ и „Иво Лола Рибар“.

„Многу е важно да се напомене дека овие улици коишто сега ги работиме се произлезени од барањата слушнати преку директната комуникација којашто ја имам со граѓаните. Веднаш започнуваме да ги реализираме нивните барања. Работиме со засилен интензитет и ќе покажеме и во наредниот период како треба да се работи во Општина Штип,“ потенцираше градоначалникот Бочварски.

Рехабилитацијата и санацијата на улицата „Крушевска Република“ е само една од многуте инвестиции во инфраструктура во населбата Баби од почетокот на мандатот на градоначалникот Бочварски. За потсетување, во оваа населба во изминатите десетина месеци беа направени две нови улици, беа изведени стотици метри нова водоводна и канализациона мрежа, беа реконструирани делови од веќепостоечката водоводна и канализациона мрежа, беше поставена активна зона за вежбање. Во населбата Баби конечно после долги години вистински се вложува и се оплеменува просторот, онака како што доликува за населба со бројно население.

 

Дневни активности на јавни претпријатија

ЈП „Стипион 2011“ денеска ќе ги извршува следните активности:

  • Реконструкција на мал плоштад (Пензионерски дом)
  • Реконструкција на тротоар на ул. „Тодор Коларов“
  • Обележување хоризонтална патна сигнализација во град Штип
  • Замена на улични светилки во град Штип

 ЈП „Исар“  ќе ги извршува следниве работни задачи:

  • РЕ Водовод и Канализација:
  • Санирање дефект на водоводна линија на улиците „Добре Радосављев“ и „Јосиф Ковачев“
  • Санирање површини – бетонирање на улиците „Иво Лола Рибар“ и „Ѓошо Сламката“
  • Изведба на приклучоци на водоводна линија на улиците „Борко Левата“, „Леринска“ и „Струмичка“
  • Канализација на разни локации во градот
  • РЕ Паркови и зеленило:
  • Kосење трева покрај патека од Ректорат на УГД кон градски гробишта
  • Косење трева на паркова површина К`ртеке
  • Косење трева покрај улица „4 Јули“
  • Косење трева на стадион „Кежовица“
  • Наводнување дрвореди

Тековно одржување паркови површини