Во состав на Општина Боговиње влегува и урбанизираното село Камењане со целосно изградена модернизирана инфраструктура, со среден водовод, исчистени речни канали.
Пред само 10 години Камењане беше посеба општина но во 2006 година се припои кон општина Боговиње. Прекрасно уредениот мост на реката овозможува прекрасен поглед одмор за очите на патникот. Кога влегувате во селото Камењане вашето внимание го одвлекуваат идентично уредените парѕерни површини пред секој дом.
Во урбанизираното Камењне функционираат успешно голем број на производствени капацитети посебно од млечната индустрија кои воедно претставуваат и извор за егзистенција на поголемиот дел од жителите кои живеат во општина Боговиње.
Важно да споменеме за општина Боговиње е и тоа што минатиот месец во соработка со Општина Желино градоначалникот, Хазби Идризи се во процес на изработка на студија и истражување за што поскоро отворање на професионално училиште кое всушност на овие две општини навистина им е потребно.
Она што досега го зацртал да го сработи градоначалникот, Хазби Идризи секогаш било навреме сработено, па веруваме во тоа дека во општина Боговиње ваково училиште наскоро ќе профунционира.