Во рамки на проектот Иницијатива за прекугранична културна соработка (МАКС ФОРУМ), на 24 јули во општина Куманово со поддршка на градоначалникот г. Максим Димитриевски. се формираше Локален Форум за Културно Наследство. Членови на Форумот се претставници на Министерство за култура, Министерство за економија, Министерство за Животна Средина и просторно планирање, Национален Конзерваторски Центар, Агенција за унапредување и поддршка на туризмот, претставници на општина Куманово, како и претставници на граѓански организации.
Целта е да се зголеми учеството на граѓанското општество во донесувањето одлуки поврзани со јавните инвестиции во културното наследство, особено во утврдувањето приоритети во културното наследство. Европската Рамковна Конвенција за вредноста на културното наследство за општеството (2005) го промовира пристапот до културното наследство и демократското учество, и апелира за јавна рефлексија и дебата за можностите и предизвиците поврзани со културното наследство.
Форумот има за задача да состави Листа на приоритети за културното и природното наследство на територија на општината.
Врз основа на ова, во рамки на проектот финансиски ќе се поддржи имплементација на еден проект во општината насочен кон рехабилитација на културното и природното наследство и свест за заштита на животната средина.
Проектот се реализира од страна на Здружението за унапредување на одржлив развој Институт Балкан про Европа, во партнерство со Фондацијата Културно наследство без Граници од Косово а е финансиран од од ЕУ, претставена од Канцеларијата на Европската Унија во Косово.