Градежни активности во населба „Сењак“ кај објект Луна Комерц
Вчера градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски изврши увид во градежните активности во УЕ 36 во населба „Сењак“ кај објектот Луна Комерц.
По тампонирањето ќе се започне со асфалтирање на овие улици со вкупна површина од 2800 м2. Изведувач на оваа инвестиција ќе биде економскиот оператор ВЕ-ГРУПА ДООЕЛ, а инвестицијата ќе чини 4.869.816,00 денари со вклучено ДДВ.
Покрај тампонирањето и асфалтирањето ЈП „Исар“ работи на поставување на водоводна линија во должина од 110 метри со вкупна инвестиција од 583.000 денари. Оваа водоводна линија ќе овозможи водоснабдување на стамбениот комплекс Грин Гарден.
„Денеска се наоѓаме во населбата „Сењак“ кадешто се изведуваат одреден временски период градежни зафати во делот на изградба на нови улици во близина на објектот „Луна Комерц“. Овој дел од градот е многу важен и е најголемата населба во Општина Штип и затоа мораме да имаме вистински третман и вистински развој на овој дел од градот. Пристапивме кон реализација на овој витален објект односно витална инфраструктура за овој дел од градот. Се работи за три нови улици коишто имаат должина од 455 метри и нивната цена е околу 4.900.000 денари. Паралелно со ова работиме и на изградба на нова водоводна линија во должина од 110 метри којашто ќе чини некаде 580.000 денари,“ изјави градоначалникот Бочварски.
Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:
– Реконструкција на тротоар во населба Булевар ЈНА
– Реконструкција на мал плоштад пред пензионерски дом
– Реконструкција на постоечко игралиште во населба Блок 70