Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, во својот кабинет ги прими боксерските надежи од клубот „Пинк Пантер”, по повод нивните големи успеси на турнирот „Опен Балкан” кој се одржа во Охрид. Во категоријата кадети, првото место го освои токму штипскиот клуб „Пинк Пантер”, во конкуренција од вкупно 64 екипи. Дополнително, клубот се закити и со првото место во категоријата „Олимписки надежи”, што претставува уште еден значаен успех за спортот во нашиот град.
Градоначалникот Јорданов упати искрени честитки за постигнатите резултати и изрази цврста поддршка за претстојните предизвици, нагласувајќи дека Општина Штип секогаш будно ги следи спортските достигнувања и останува отворена за поддршка — и во моменти на успеси, и кога е најпотребно.
„Ова не е само спортски успех, туку и потврда дека со работа, дисциплина и визија, младите од Штип можат да бидат лидери во регионот. Општината ќе продолжи да инвестира во спортот и младите, затоа што тие се нашата иднина,” истакна градоначалникот како заклучок од средбата.